ВМРО-ДПМНЕ: Покачената цена на струјата е резултат на желбата за пари на Заев

СДСМ преку партиските активисти Марко Бислимовски и Панче Орцев ја контролира РКЕ. Бислимовски и Орцев не работат за интересите на народот, туку за интересите на партијата, велат утринава преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата наведуваат дека покачената цена на струјата е резултат на желбата за пари. 

„Народот плаќа поскапа струја за да може струмичка агенција за обезбедување да испумпува десетици милиони евра од универзалниот снабдувач на електрична енергија, камиони со струмички регистарски таблици да вртат во РЕК, а финансиерите на СДСМ да добиваат тендери за ископ на јаглен од 6.4 милиони евра.

Енергетските компании во државна сопственост се користат за грабеж на народот, преку нив се исполнуваат десетици милиони евра на приватни сметки.

Додека Заев полни џеб, народот нема ни за леб.

СДСМ ја тоне Македонија. Иако целиот народ е против покачувањето на струјата, СДСМ не ја менува одлуката, затоа што поважен им е профитот, отколку народот.

Заев и СДСМ не се решение за проблемот, тие се проблемот.

 

Криминалот, мафијата и владата кои се едно исто во Македонија мора да паднат“ стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.09.2020 - 08:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега