ВМРО-ДПМНЕ: Подобро да падне Заев отколку индустриското производство
Индустриското производство драматично падна за 15% во вториот квартал, а Зоран Заев си вози луксузни мотори. Се очекува поскапување на електричната енергија , а Заеви си делат тендери во РЕК Битола и го полнат со партиски послушници, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Секојдневно десетици граѓани ги губат животите, а стотици го губат здравјето како резултат на ескалацијата на корона кризата, а Заев и Филипче само лажат дека ситуацијата била под контрола. Освен полнење на сопствените џебови, Заев и неговите соработници не ги интересира ништо друго, а најмалку проблемите на граѓаните. Наместо капитални инвестиции, проекти и нови фабрики како што ветуваше СДСМ, сведоци сме на рекет, корупција, уцени и нарачани судски одлуки. Тоа е реалната слика за овие луѓе кои повеќе од три години пустошат во државата и при тоа секојдневно ги лажат граѓаните дека државата е на добар пат. На Република Македонија не и се потребни политичари од типот на Зоран Заев кои освен лаги и манипулации не знаат ништо друго, туку луѓе кои се чесни, стабилни и професионалци во својата област на делување, кои ќе придонесат за подобро утре, велат од партијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа