ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски го воспева Заев наместо да ја води државата

Стево Пендаровски се однесува како некој аналитичар со отворени симпатии кон Зоран Заев, а не како претседател на државата со јасни ставови и позиции - реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на Пендаровски за Сител.

„Жално е што Пендаровски наместо да претседателствува со државата и да ги предводи процесите одбра да прави анализи за воспевање на ликот и не делата на Зоран Заев.

Впрочем, Пендаровски не искажа ниту еден став за проблемите кои ги мачат граѓаните.

Пендаровски би можел да биде партиски аналитичар на СДСМ, но не и добар претседател на Македонија.“ - велат од ВМРО-ДПМНЕ во писмено соопштение.

22.11.2021 - 20:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега