Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВМРО-ДПМНЕ: Партизирано судство градено со години, наместо во слово на законот
    • Вучиќ: Грижете се во чии раце ќе биде иднината на Србија
    • Маж очекувал девојка, а се појавил маскиран напаѓач – Брутален обид за убиство во Белград
    • Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата
    • Фатална грешка со вештачка интелигенција: Инцидент со товарен брод за малку ќе предизвикаше војна меѓу САД и Кина
    • Викенд хороскоп: Ѕвездите носат неочекувани страсти и пресврти
    • Трамп ги исфрла медиумите од Белата куќа
    • Целата земја остана без струја – колапс во електроенергетската мрежа
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Партизирано судство градено со години, наместо во слово на законот

    ВМРО-ДПМНЕ: Партизирано судство градено со години, наместо во слово на законот

    19.09.2026 во 10:172 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Овој правосуден систем подобен и во служба на моќни поединци, со години се градел и секогаш кога ќе се јави потреба инсталациите од СДС и ДУИ во него се активираат. Кога некој од блиските на СДС и ДУИ ќе се најдат во тесно и во судир со правдата, како по нарачка од одговорност ги спасуваат нивните луѓе во судството,  велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    – Судии и обвинители, пресудуваат во нивна корист, враќаат постапки на повторни судења, укинуваат пресуди, затвораат истраги, само за да им угодат на нивните наредбодавци. Во таквите постапки, инсталациите на СДС и ДУИ во правосудството никако не се на линија за правдата и законот, а такви изминатиов период имаше многу кои македонските граѓани тоа јасно ги видоа.

    Од партијата посочија и на, како што наведуваат, партиски, роднински и пријателски врски како услов за напредување во правосудниот систем, при што ги издвојуваат и конкретните предмети за кои сметаат дека не добиле соодветна правна разрешница.

    – Роднински, пријателски, партиски, комшиски врски со СДС и ДУИ, биле предуслов за да стане судија или обвинител и да се напредува во кариерата и да се искачуваат повисоко во хиерархијата на правосудниот систем. Меѓу предметите кои не го видоа светлото на правдата се предметот Мазут, тежок 167 милиони евра, затворената истрага за набавката на модуларните болници, каде главен осомничен требаше да е Венко Филипче, укинатата пресуда за Ласкарци каде животот го загубија 16 лица и ред други.

    Во продолжение, од партијата оценија дека ваквиот начин на постапување дополнително ја нарушува довербата во правосудниот систем и повикаа на промени во неговото функционирање.

    – Со ваквите постапки, каде поединци место да се гонат и судат, со сите сили се штитат, поединците во правосудството стануваат соработници на криминалот и корупцијата. Овие судии и обвинители блиски до СДС и ДУИ, кои среќа што се во мал дел од правосудството, со нивните одлуки спротивни на правдата, го корозираа правосудниот систем до ниво на 2% доверба од граѓаните. На овој систем мора да му дојде крајот, затоа што македонските граѓани сакаат независен и непристрасен правосуден систем во служба на словото на закон.

    Прочитај повеќе

    (ФОТО) Манасиевски: Жерновски повторно забележан со „Мерцедесот“ на братучедот и непрописно паркиран

    18.09.2026 во 17:44

    Левица: Влегуваме во битка со намалувањето на боледувањата

    18.09.2026 во 14:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.