ВМРО-ДПМНЕ: Овчарот Божиновски сега ќе беше жив ако имаше хеликоптер

За овчарот Златко Божиновски немаше амбулантно возило за да му се спаси живот, но за забава на Зоран Заев и Венко Филипче имаше хеликоптер?! Доколку имаше хеликоптер и Божиновски на време ќе беше пренесен во здравствена установа и наверојатно ќе беше жив, реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Институциите и функционерите целосно незаинтересирани си ја префрлаат вината, одговорност за нив не постои. И за смртта на овчарот Божиновски на крајот виновни ќе бидат службеници во институциите, а забеганоста на Филипче и Заев кои летаат со хеликоптери од забава ќе биде амнестирана. 4.100 жртви од коронавирусот одат на совеста на Заев и Филипче. Што треба да се случи за Заев и Филипче да сфатат дека дека треба да заминат од функциите по што ќе одговараат? Крвави се нивните раце и треба да одговараат за смртта и погромот во Македонија. Забеганоста на Заев, Филипче, како и таа на Николовски кој среде пандемија замина на одмор во Дубаи, а Рашкоски во Мексико треба и ќе биде казнета. Мафија е кога во државата за рекет, за легални пасоши со лажен идентитет на нарко – босови одговораат службеници, а не главните криминалци сместени во политички фотелји. Мафијата мора да се соочи со одговорност. Само така граѓаните ќе се спасат“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.04.2021 - 09:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега