ВМРО-ДПМНЕ: Откако цените отидоа плафон, Бектеши носи мерки, а решението е само владата да ги намали даноците и акцизите
ВМРО-ДПМНЕ реагираше откако Крешник Бектеши кажа дека е замрзната маржата на производите за исхрана.
„Крешник Бектеши денес се фали со замрзнување на маржата на производите за исхрана, а не кажува дека со тоа ќе затвори голем број пекари, малопродажни објекти и ќе влијае лошо на целата економија. Власта не се откажува од акцизата за да има повеќе да краде.
Наместо замрзнување на цените, потребно е намалување на даноците и акцизата за горивата.
Само со 50% намалување на акцизата на горивата и ДДВ од 18 на 5% цените на горивата ќе бидат за 25 денари пониски, а со тоа ќе заштедат граѓаните, производството ќе биде поевтино, транспортот исто така“, реагираат од опозициската партија.
Импликациите врз буџетот, како што додаваат, ќе бидат околу 50 милиони евра помалку за една година, и тоа во прв план, но импликациите врз економијата ќе бидат неколкукратно поголеми, бидејќи и самото производство ќе биде поконкурентно, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Од друга страна со 0% ДДВ за продуктите за исхрана и други продукти кои се важни во криза ќе се спаси стандардот на граѓаните и ќе се спречи бран на сиромаштија.
Власта не размислува за народот и економијата, туку многу кусогледо гледа само за себе. Тоа гледање само од аспект на полнење на буџетот ќе ја чини државата и народот премногу. Затоа премногу е од оваа власт, протест за промени на 18 јуни во 20 часот пред влада“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа