СКОПСКО и ова лето со зелена иницијатива: 5 поени за секое селектирано пакување

 

Во рамки на својата општествено одговорна кампања „Наша гордост, наша одговорност“, СКОПСКО и оваа година продолжува да ги мотивира потрошувачите на одговорно однесување и селектирање на отпадот. Во соработка со Пакомак и компанијата за производство на алуминиум Ball Corporation, од 15 август стартува иницијативата за дополнителни поени за секоја селектирана СКОПСКО и СКОПСКО Smooth лименка.

Преку апликацијата „Екомак“, во период од 15 август до 15 септември, потрошувачите ќе добиваат 5 зелени поени за секоја селектирана лименка.

Целта на иницијативата е едноставна – да ги поттикнеме луѓето да прават мали, но значајни чекори за почиста и поздравa животна средина. Секоја селектирана лименка придонесува кон поголемата цел на платформата, која оваа година ја започна новата фаза од циклусот на инвестиции за зачувување на природата, чистење, уредување и подобрување на инфраструктурата на планините, со фокус на Шар Планина.

Сите активности во рамки на платформата „Наша гордост, наша одговорност“ покажуваат дека СКОПСКО постојано се грижи за природата и нашите природни убавини. Потрошувачите преку своето учество стануваат дел од конкретни акции за чистење, уредување и зачувување на планините, создавајќи поздраво и побезбедно опкружување за сите нас.

Селектирај, учествувај и придонеси за природните убавини – тоа е круг на одговорност што почнува од нас.

 

18.08.2025 - 11:45

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега