ВМРО-ДПМНЕ: Основните продукти поскапеа за 50 отсто
„Владата на антимакедонската СДС го осиромаши народот, потрошувачката кошница не ја покриваат две минимални плати, основните продукти поскапи и за 50%“. Ова е потенцирано во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ испратено денеска до медиумите.
„Потрошувачката кошничка е 47 илјади денари. Минималмата плата е 18 илјади денари, две минимални плати не се доволни за да се преживее месецот. Имено цената на маслото е зголемена за 46.7%, на лебот за 44.1%, на млекото за 26.9%, на јајцата за 26.9%, на сирењето и месото по 26.9% и 22.3%.
Потрошувачката кошница неможе да ја покрие ниту една просечна и една минимална плата. Сето тоа е заради инфлацијата, која владата не ја превенира со ништо.
Заради криминалот на владата, која не работи за народот туку за себе и 500.000 наши сограѓани живеат со по 150 денари на ден. Сите тие се на раб на сиромаштија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму додаваат: „Ситуацијата за поголемиот дел од народот дополнително ќе се влоши од есен, со почетокот на грејната сезона и скапите сметки за струја и парно, кои се високи затоа што власта не произведува доволно струја и плаќа скап увоз, и затоа што не набави на време гас.
Народот пати затоа што владата на антимакедонската СДС не работи, туку прави криминал“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа