ВМРО-ДПМНЕ: Од храбрење за стабилно мнозинство Заев се сведе на приказни за широка влада

Заев наместо премиер, се однесува како шанер, од храбрење за стабилно мнозинство се сведе на приказни за широка влада само за да се спаси од одговорност. Ако неговиот предлог е бегство од одговорност, тогаш треба да знае дека пактови со криминалци ВМРО-ДПМНЕ не прави и нема да има, ќе лежите во затвор, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста испратено изутринава.

-Сето ова доаѓа откако беше присилен од јавноста и меѓународни фактори да го затвори, Заев сега го зема местото на Сашо Мијалков, со намера да управува како со марионети со оние како Тодоров кои во наводна смена во ВМРО-ДПМНЕ гледаат да одработат за Заев, само и само за лична корист. Провидна е играта на Зоран Заев. Му се потрошија Мериот коалициите, различните доктори за смрт како што сами ги нарекуваа, а сега пробува директно да се меша и во ВМРО-ДПМНЕ. Оркестрираното делување со некои поранешни министри кои не се повеќе дел од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека Заев стои зад различните иницијативи, мериотовски коалиции, се со цел да го покри неговиот страв, се вели во дописот.

Според опозициската партија, Заев молел за широка влада оти бил свесен дека владата ќе падне.

-Од вештачката радост за наводно мнозинство во Собранието на Македонија до молење за широка влада, зошто Зоран Заев знае дека владата ќе му падне. Византиските игри на Заев не го спасуваат од пораз. Заев нуди широка влада, а Али Ахмети одбива, а во суштина договорени, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.03.2021 - 10:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега