Убедлива победа и удвојување на разликата помеѓу Орце Ѓорѓиевски и Амар Мециновиќ очекува владејачката ВМРО-ДПМНЕ. 

-Во првиот круг беше 3:1 разликата во соодност противкандидатот кој влезе во вториот круг, така што, очекуваме зголемување, би рекол и удвојување на таа разлика. Така што очекуваме убедлива победа во Градот Скопје, рече портапролот на партијата, Валентин Манасиевски на првата официјална прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ.

Одговарајќи на новинарски прашања кажа дека очекува победа во сите општини каде партијата веќе има градоначалник, но не сакаше да лиферува со бројки за освоени градоначалнички места по вториот круг од локалните избори.

-Ние очекуваме во секоја општина кадешто имаме градоначалник во вториот круг да издвојуваме огромна победа, рече Манасиевски.

Изборите ги оцени како фер и демократски.

-Исто како и во вториот круг. Мислам дека Македонија после долго време конечно има, би рекол едни европски избори, рече Манасиевски. 

Exit mobile version