ВМРО-ДПМНЕ: Нивите на Шилегов и лажните ветувања, само што се асфалтираше Васил Ѓоргов, повторно се раскопа

Едно од ветувањата на градоначалникот Петре Шилегов беше дека планирано ќе градел. Епилогот на сето тоа е изгребана улица Васил Ѓоргов, асфалтирана и веднаш потоа повторно раскопана. Уште нестврднат асфалтот скопјани повторно возат по раскопани улици, велат преку соопштение од Советничка група на ВМРО ДПМНЕ во Град Скопје.

Тие наведуваат дека самиот Шилегов ветуваше дека ќе бидат забранети прекопувања а сега тој ја прекопува Васил Ѓоргов.

„Нивите на Шилегов направени среде Скопје покажуваат дека не си ги почитува и сопствените ветувања и дека неговата работа се сведува на популистичко асфалтирање и прекопување без нови и крупни проекти.

Трета година Шилегов ја замајува јавноста со проекти кои никако да ги почне. Три години нема ниту еден капитален проект за Скопје, ниту еден новоизграден булевар или ново сообраќајно решение, туку шминкерско гребење на асфалт“ наведува Советничка група на ВМРО ДПМНЕ во Град Скопје.

Скопје нема градоначалник, туку популист.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.11.2020 - 09:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа