Close Menu
Press24
    Најново

    Министерот Тошковски стана татко по третпат – му се роди син

    04.03.2026 во 23:58

    САД открија кои четири цели на Иран мора да бидат збришани, авионите ќе удираат сè подлабоко

    04.03.2026 во 23:29

    Хорор вечер за 65-годишен скопјанец, две лица му се заканувале со остар предмет

    04.03.2026 во 23:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Министерот Тошковски стана татко по третпат – му се роди син
    • САД открија кои четири цели на Иран мора да бидат збришани, авионите ќе удираат сè подлабоко
    • Хорор вечер за 65-годишен скопјанец, две лица му се заканувале со остар предмет
    • Макрон со апел до Нетањаху: Не влегувајте со војска во Либан, тоа е огромна грешка
    • 8-ми март ќе им го промени животот: Три хороскопски знаци ќе добијат награда што не се купува со пари
    • Мицкоски утре ќе присуствува на проширување на производните капацитети на „АКТИВА“ ДОО Штип
    • Велешанец со „форд“ се забил во бетонски скали од куќа – итно пренесен во болница со тешки повреди
    • Никако не ги внесувајте во домот – Kокичињата кријат темна страна
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Наместо ефикасност, правосудството со 2% доверба бара повисоки примања и до 8 просечни плати

    ВМРО-ДПМНЕ: Наместо ефикасност, правосудството со 2% доверба бара повисоки примања и до 8 просечни плати

    22.11.2025 во 09:543 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Наместо работа, ефикасност и подобрување на перцепцијата кај граѓаните, правосудството со 2 проценти доверба бара повисоки примања и до 8 просечни плати, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

    „Македонското правосудство со 2% доверба од граѓаните никако да поработи на себе за да ја зголеми ефикасноста, дополнително си ја подриваат и така малата доверба и кредибилност.

    Наместо посветено да работат во интерес на граѓаните и за доследно спроведување на правдата, кој процес нема да трае со години како до сега, делови од судството и обвинителството бараат двојно зголемување на платите.

    Не треба да заборавиме дека македонските правосудни органи се едни од најплатените во регионот и Европа, со 2,3 до 3,2 просечни плати, односно нешто над 100.000 денари па се до над 144.000 денари или од 1700 евра до 2360 евра. Претседател на суд, пак, во Македонија зема околу 180.000 денари или 3000 евра, а за ефикасност и да не зборуваме, далеку под сите европски просеци.

    За да бидат работите појасни, дека не се проблем примањата туку ефикасноста на нашиот правосуден систем, ќе направиме неколку споредби.

    Прво ќе почнеме од соседна Србија, каде судиите и обвинителите земаат 2,3 просечни плати, околу 120.000 денари или 2.000 евра, а довербата на граѓаните е 20%. Со ист процент на доверба од 20% во судството се и граѓаните на Хрватска, земја членка на ЕУ и таму нивните правосудни органи земаат плати, приближно, колку нашите претседатели на судови, односно 3350 евра.

    Словенија е земја со висок процент на доверба во судството од 41%, додека пак платите на судиите се движат од почеток од 107.000 денари или 1738 евра, кои во врвот на кариерата достигнуваат до нешто над 4000 евра.

    Тука, секако, не треба да ја заборавиме и една од економски најразвиените европски држави, Германија каде довербата на граѓаните во судството е неверојатни 58%, а судиите земаат околу 3300 евра плата или 200.000 денари.

    Судиите и обвинителите и нивните здруженија во Македонија сега бараат двојно зголемување на платите, со што еден судија би зел околу 160.000 денари или пак претседател на некој суд 360.000 денари. Што би значело, претседател на суд во Македонија би зел 8 просечни плати, а судија или обвинител би зел 3,5 просечни плати.

    Тоа би било над сите примања кои ги добиваат нивните колеги во Европа со далеку повисока ефикасност и доверба од граѓаните, а кај нас со доверба од само 2%.

    Затоа повикуваме на разумност и веќе крајно време е правосудните органи да се зафатат со работа и да покажат резултати кои ќе ги почувствуваат граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Популарно

    Министерот Тошковски стана татко по третпат – му се роди син

    04.03.2026 во 23:58

    САД открија кои четири цели на Иран мора да бидат збришани, авионите ќе удираат сè подлабоко

    04.03.2026 во 23:29

    Неколку скопски улици утре ќе останат без струја до 13 часот

    04.03.2026 во 19:11

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.