ВМРО-ДПМНЕ: Најдобра мерка за борба против корона се оставки од Филипче и Караџовски

Филипче секој ден покажува дека може уште повеќе. Тоа го покажа пак со нов рекорд од 1085 новозаболено од корона во едно деноноќие, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Со Филипче Македонија ги руши сите рекорди. Во Македонија со Филипче бројката на активни случаи е скоро 10 илјади, а бројката на починати скоро илјада лица. Од политиката на Филипче, во која приоритет се тендерите и личниот интерес и интересот на тесен круг на луѓе од партијата, резултатот е видлив. Само граѓаните и нивниото здравје што му е работа на Филипче никако да дојде на дневен ред, велат од партијата.

Во партиското соопштение до јавноста стои и дека Ужуште пострашно е што секојдневно се бројат заболени деца, заболени вработени во градинки и училиштата.

-Филипче воопшто не се заинтересира за здравјето на најмладата популација и оние кои се грижат за нив и за нивното образование. Зошто Филипче правеше скрининзи на празно во мај, и не ги отвори градинките. Кога на Филипче не му текнува или можеби не знае, ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски како на почетокот на кризата и сега му помагаат. Министре, правете бесплатни тестови за корона на сите негувателки, учителки, наставнички во градинките и училиштата еднаш месечно. Министре ваша е грижата за здравјето ма граѓаните, а ги оставивте само на себе. Министре доста со тоа дека не се почитуваат мерките, преземете одговорност! Најдобрата мерка за борба против корона е оставка на Филипче и првиот човек на политичката Комисија за заразни болести, Жарко Караџовски, додаваат од партијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.11.2020 - 10:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега