ВМРО-ДПМНЕ: Најдобра мерка на Владата е да го смени Филипче
Министерот за здравство, Венко Филипче на вечерашното гостување во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма уштe еднаш покажа дека знае само да излаже, ама не и да сработи нешто, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според опозициската партија, Филипче го демантираат бројките на заразени од вкупниот број тестирани кои одат и над 30 отсто.
-Бројот на починати од корона се движи кон илјада. Македонија се најде и прва на листата на починати лица во 24 часа. И наместо соодветна здравствена политика во време на пандемија, Филипче се грижи за шминкање на реалноста. Дали е Филипче свесен дека додека тој е министер има најголем број на смртни случаи предизвикани од некој фактор и влијание по Втората светска војна. Одговорност за ваквата ситуација мора да има. Филипче единствено нешто што треба да направи е да даде оставка, а најдобра мерка на Владата е да ја прифати неговата оставка, се вели во реакцијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа