Во најновото соопштение, ВМРО-ДПМНЕ ја обвини пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, како и целото раководство на партијата, за, како што наведуваат, лицемерие и прикриено користење на партиски средства, спротивно на јавниот имиџ што го градат.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека додека Мојсоска и Левица јавно се претставуваат како „чесни, скромни и неподмитливи“, зад затворени врати инкасираат значителни суми на пари од партиската каса.

„Тие се целосно разобличени и демаскирани“, стои во соопштението, каде се наведува дека, според информации од свиркачи од самата партија Левица, Мојсоска на 26 април 2024 година земала 123.000 денари, а на 3 февруари 2023 година – 96.862 денари. Дополнително, во јуни и јули годинава, во три наврати, таа земала по 54.000 денари.

Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека Мојсоска не е изолиран случај и дека целото раководство на президиумот на Левица посегнало по партиски средства, во моменти кога јавно глумат скромност и „луѓе од народот“.

„Граѓаните имаат право да знаат зошто се цедат партиските сметки додека јавно се зборува за аскетизам. Дали пратеничката плата не е доволна?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата заклучува дека лицемерието на Мојсоска и раководството на Левица е разоткриено и дека, како што велат, „никој веќе не им верува“

Leave A Reply

Exit mobile version