ВМРО-ДПМНЕ: Костадиновска Стојчевска наместо да се грижи за македонската култура и традиција, во манир на турбофолкерка ќе ја “орасположува“ публиката
ВМРО-ДПМНЕ смета дека министерката за култура Костадиновска Стојчевска не се грижи за унапредување и заштита на македонската култура и традиција.
„Скандалозната изјава на министерката за култура Костадиновска Стојчевска е најава за орвеловиот свет на цензура и ограничување на уметничкото творештво во Македонија. Тоа е резултат на погубните, понижувачки и антимакедонски договори и протоколи кои ги склучи владата на Ковачевски. Всушност скафандер министерката само го кажа тоа кое што владата на Ковачевски го потпиша, односно нема да има државни средства како поддршка за дела и уметници кои Бугарија ги смета за ширачи на говор на омраза која тие субјективно ќе ја определат“, велат од партијата.
Затоа скафандер министерката порачува заборавете ги историските наративи во уметноста и повикува на „орасположување“ на публиката. Чиниш се работи за турбофолк изведувачка која забавува публика, а не за министер за култура кој има за задача да ја унапредува и штити националната култура на една земја. Според овој изгубен лик во културата кого јавноста пежоративно го нарекува Скафандра, темите на кои се креирани најубавите дела во македонската култура, влечеле назад кон мрачни времиња. Според неа овие дела се пречка за напредок и таквите историски тематики нема да бидат институционално поддржани, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
„Уметниците и јавноста и порачаа на министерката да си поднесе оставка, затоа што ја навреди Македонија, затоа што ја навреди историјата, затоа што ја навреди културата и творците, затоа што ги има тоталитарна реторика која забранува творење, уметничка слобода и повикува на цензура“, порачаа од партијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа