ВМРО-ДПМНЕ: Комисијата за заразни болести потфрли

Неспособноста на власта во справување со Ковид пандемијата предизвикува и ризик за децата во градинките и учениците кои посетуваат физички настава, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, Комисијата за заразни болести потфрлила и не направила ниту план, ниту стратегија во поглед на протоколите и пристапот.

пилогот е 2000 заболени за една недела, заболени во болниците, градинките, училиштата, фабриките, буквално секаде. Власта која ја исполитизира Комисијата продолжува и понатаму со истата политика и со истата Комисија, чија работа до сега резултираше со катастрофа на здравствен план, 1 милијарда задолжувања за надминувања на последиците од Ковид пандемијата врз економијата, над 40 илјади луѓе останати без работа, како и цели семејства со намалени приходи. Неспособноста и незаинтересираноста на власта предизвикаа и преполни болници и скоро ниту едно слободно место во болниците како во Скопје, така и низ државата. Летниот период не се искористи за зголемување на болничките капацитети, и сега се соочуваме со хаос, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозициската партија, катастрофата во која живееме сега е поради неспособната на власта, а е предизвикана од како што велат, исполитизираната Комисија за заразни болести.

атоа потребна е нова Комисија која ќе има за цел справување и надминување на ситуацијата и последиците од ситуацијата на здравствен план. СДСМ мора да се стави во функција на граѓаните, да ја надмине суетата и да прифати предлог кој е од полза за државата. Иднината на Македонија е позначајна од нивните краткорочни политички поени, се вели во дописот од опозицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.10.2020 - 10:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега