СДСМ повторно реагира со политички конструкции без да понуди ниту еден конкретен доказ за каков било прекршок, оценија од ВМРО-ДПМНЕ во одговор на обвинувањата поврзани со директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) Ивица Томовски.

Од владејачката партија се децидни дека Томовски нема никаква поврзаност со постапките за јавни набавки.

„Прашање на елементарна логика е фактот дека Томовски нема надлежност, нема учество во постапки за јавни набавки и нема ниту една службена одлука што може да се поврзе со тендери. Тоа е јасно утврлива и проверлива фактичка состојба“, се наведува во реакцијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, кога нема факти, опозицијата се обидува да создаде лажен скандал преку интерпретации и дезинформации, стратегија која, како што велат, веќе не поминува кај граѓаните.

Exit mobile version