ВМРО-ДПМНЕ: Коцкарската игра на премиерот во заминување Заев му носи пораз и на преговарачка маса со Бугарија и во СДСМ

Коцкарската игра на премиерот во заминување Заев му носи пораз и на преговарачка маса со Бугарија и во СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Споре партијата, Заев трајно ги наруши позициите на Македонија во однос на Бугарија.

-Тој ги поткопува темелите на државноста и ја поганува жртвата на Илинденците и Партизаните за македонска држава. Ако е точно дека премиерот во заминување Заев веќе направил нов нацрт договор со кој се откажува од македонскиот јазик, идентитет и историја тоа ќе биде огромен пораз за македонската држава.          Го повикуваме Заев да не си игра со идентитетот, јазикот и историјата. Неговиот срам нема да дозволиме да биде и наш колективен срам. ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот нема да дозволи Заев да ја распродава Македонија. Блокадата од Бугарија е вина на коцкарските политики на Заев неговите ветувања и желбата по секоја цена да се заддржи на власт за да краде. Тој повеќе нема легитимитет да преговара и затоа треба да си даде оставка. Оставка на Заев, слобода на народот, се вели во дописот од опозициската партија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.11.2020 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа