ВМРО-ДПМНЕ: Индустријата тоне, а Македонија со СДСМ извезува корона
ВМРО-ДПМНЕ објави „факти кои го одбележаа денот“. Според партијата, СДСМ го уништила стопанството.
1.СДСМ го уништи стопанството. Падот на индустриското производство 1 јануари до 30 јуни оваа година бележи пад од 14.6% во однос на лани.
2.Граѓаните остануваат без своите работни места поради неспособноста на власта. Бројот на работници во индустријата од 1 јануари до 30 јуни оваа година во споредба со лани е помал за 4.4%.
3.Македонија станува извозник на корона поради грешки во протоколите на власта. Транзитот на болни од корона низ Македонија е грешка на власта на СДСМ.
4.Туристичките работници бараат субвенции за плати, власта молчи и остава секторот да тоне.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа