ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ пред договор за влада со премиер Албанец, јавуваат медиуми на албански јазик

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го финализираа договорот за формирање нова Влада, објави порталот Лајм, повикувајќи се на партиски извори, пренесува „360 Степени.

Лајм пишува дека според нивните извори, единствената „задача“ на Христијан Мицкоски сега е да го убеди претседателот на Левица, Димитар Апасиев, да поддржи влада со премиер Албанец.

Истите извори за порталот велат дека Али Ахмети и Мицкоски се согласиле дека прв премиер ќе биде Лазар Еленовски, кој ќе се декларира и за Албанец и за Македонец. На овој начин ДУИ ќе има образложение дека го реализирала барањето за премиер Албанец, а и во членството на ВМРО-ДПМНЕ нема да има револт, затоа што за Еленовски ќе биде јасно дека „изјавата дека е Албанец е само за потребите на дневната политика“, пишува „Лајм“.

Поратолот го завршува текстот со тврдење дека двете страни нема да ги потврдат овие информации додека не постигнат договор со Апасиев.

Слични информации од свои извори објави и порталот „Тетова Сот“, кој пишува дека далеку од очите на јавноста, двете македонски партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да ги обезбедат бројките за формирање нова влада.

По изборите на 15 јули СДСМ излезе како победник, но резултатот е тесен што на нивниотт политички ривал му дава речиси еднаква можност за формирање влада. ДУИ останува главна партија во средина, пишува порталот.

Во текстот понатаму се вели дека доаѓа важна информација за премиерот Албанец – барањето на ДУИ пред изборите на 15 јули.

Повикувајќи се на своите извори, „Тетова Сот“ пишува дека партијата на Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ, кажала „да“ за премиер Албанец.

Според информациите на порталот, со договорот ВМРО-ДМПНЕ се согласила со партијата на Али Ахмети да му се дадат две години на премиерот на ДУИ и две на оној на ВМРО-ДПМНЕ.

ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ заедно имаат 59 пратеници што значи дека им требаат уште двајца за да ја формираат следната влада, додека „Левица“, која има двајца пратеници, е во средината, завршува „Тетова Сот“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.08.2020 - 22:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега