Close Menu
Press24
    Најново

    Понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    10.09.2026 во 09:08

    Шокирачки вести за возачите: Цената на нафтата драстично скокна

    10.09.2026 во 10:10

    Женска тепачка по претходна расправија

    09.09.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тренчевска побара оставка од Стоилковиќ: Дали ќе им се извини на пратениците и граѓаните за навредите и пцуењето во Собранието
    • Мицкоски: Доделени се ваучери за инвертер клими за повеќе од 500 социјални семејства
    • (ФОТО) Реконструкцијата на Старата скопска чаршија во завршна фаза: Инвестиција вредна над 28 милиони денари
    • Еболата се шири надвор од епицентарот во Конго: Бројот на жртви надмина 3.300
    • Познат генерал пронајден мртов: Застрелан во главата
    • Хорор во камп во Неос Мармарас: Чакал нападнал дете додека било во шаторот
    • Засилени сообраќајни контроли за електрични тротинети – санкционирани 33 лица
    • ЈОРМ: Се вршат претреси во службени простории во МВР
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се плаши од избори

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се плаши од избори

    21.08.2026 во 21:162 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Венко Филипче се врати од одмор на милионската јахта во Паљури со неговиот ментор, Зоран Заев.

    И во Скопје, како по договор неговиот, на Заев и на Али Ахмети аргат, Ислам Абази го затвори предметот за 19 модуларни болници набавени за време на ковид кризата, од кои во тетовската избувна пожар што за две минути ја проголта цела со 14 македонски граѓани, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Но, Филипче да не се грижи, тоа што нивниот слуга во правосудството го спаси од кривичен прогон, по долгите години што обвинителките од криминалното СЈО предметот го чуваа во фиока, не значи дека предметот понатаму не може повторно да се отвори.

    Правда и одговорност за 14 живи изгорени граѓани на 8 септември во Тетово, мора да има, кога тогаш.

    Како што треба да има и 400 извештаи за неисправна вода за пиење во Гостивар и во други населени места во државата, кога Венко беше министер за здравство, а не презема никакви мерки, ниту ги предупреди и информираше граѓаните да не ја користат.

    А, воедно, Филипче уште ја штити локалната власт и градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани за кој јавно побара масовна поддршка на последните локални избори за да СДС биде дел од власта.

    Венко Филипче може да зборува колку сака за економија, но бројките се немилосрдни и му ги побиваат сите тези, затоа што и платите, и пензиите, и економијата, споредено со периодот на власт на СДС, растат повеќе и народот подобро живее.

    Во однос на можноста да се одржат евентуални избори, се гледа целата несигурност и страв кај СДС и Венко Филипче.

    Зошто знаат дека следните избори, независно кога ќе се одржат, не само што ќе доживеат уште еден изборен дебакл и повторно ќе бидат испратени во длабока, туку тие избори ќе бидат нивниот билет за во темната страна на историјата.

    И токму затоа, за да купат уште некој ден повеќе на партиските позиции, се единствената опозициска партија во историјата на независна Македонија, која не бара избори, додаваат од партијата.

    Прочитај повеќе

    Тренчевска побара оставка од Стоилковиќ: Дали ќе им се извини на пратениците и граѓаните за навредите и пцуењето во Собранието

    11.09.2026 во 15:43

    Сали во Братислава се сретна со Бланар: Поддршката од Словачка е значајна за европскиот пат

    11.09.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.