ВМРО-ДПМНЕ: Филипче мора да си даде оставка, зашто Македонија нема повеќе животи за губење

Шверцерското ноќно објавување на бројот на починати и новозаразени нема да ја намали одговорноста и неспособноста на гробарскиот тандем Заев Филипче. Секој ден е нов пик на новозаразени, и секој ден губиме по десетина наши сограѓани заради неспособноста на Филипче. Македонија е на врвот на листата на смртност во регионот, затоа што Филипче е неспособен. Пациентите чекаат и по неколку дена за тестирање, а потоа уште неколку дена за резултати. Додека да стигнат во болница, состојбата им е веќе комплицирана, и често завршуваат фатално, дури и млади луѓе.

Ова изутрината го соопшти опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму посочуваат неколку причини зошто Филипче треба да си поднесе оставка.

-Здравствениот систем не функционира и луѓе умираат или по ходнкците молњјќи за помош или на пат кон болниците. Министерот Филипче имаше десет месеци да се подготви за новиот бран, но тој не направи ништо за да обезбедо минимална подготовка на капацитетите. Секојдневно се лажираат бројки на заразени и се кријат починати.Тестирањето на КОВИД заразените се претвори во милионаки бизнис додека за функционерите на власта тоа е бесплатно, се вели во дописот од опозицијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Филипче мора да понесе одговорност, за сите задоцнети реакции и изгубени животи.

-Филипче не направи ништо за да го смени пристапот и да спаси живот повеќе. А како би направил нешто за граѓаните, кога е зафатен со правење пародични видеа, кои само нему му се смешни?! Или пак да не тераше кампања со Заев летото и да си ја работеше работата можеби сега ќе имавме доволно болнички капацитети и медицински персонал. Но тој се стави во позиција на политичар, а не на лекар. И додека Филипче е политичар во обид Македонија губи. Македонија нема повеќе животи за губење. Филипче или Живот. Оставка веднаш, се вели во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.11.2020 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега