Close Menu
Press24
    Најново

    Вреди наскоро ќе биде една партија

    03.03.2026 во 22:04

    Повик за евакуација на Македонци од Абу Даби

    03.03.2026 во 21:53

    Безбедносен штит: Француските „Рафали“ веќе патролираат над Заливот по наредба на Макрон

    03.03.2026 во 21:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вреди наскоро ќе биде една партија
    • Повик за евакуација на Македонци од Абу Даби
    • Безбедносен штит: Француските „Рафали“ веќе патролираат над Заливот по наредба на Макрон
    • (ВИДЕО) Голем хаос во Дубаи: Иранците го погодија американскиот козулат
    • Пошумување на опожарена површина на Голак
    • Катар предупредува: Нападот на Иран ги помина сите „црвени линии“, одговорот е неизбежен
    • До сите Македонци во ОАЕ: МНР организира чартер летови за евакуација
    • Притвор за сопругот на Ивана: Се сомничи за наведување на самоубиство и други кривични дела
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја закопа СДС на дното

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја закопа СДС на дното

    12.11.2025 во 09:342 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    СДС е во целосен распад по дебаклот на локалните избори, а кадровските промени кои ги најавува Филипче пропаѓаат уште пред да почнат. Никој не сака да биде дел од неговата губитничка, арогантна и компромитирана клика, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Никој повеќе не сака да се идентификува со политиките на кланот Заеви и Филипче, кои СДС од државотворна партија, ја претворија во симбол на порази, поделби, лични интереси и предавства. 

    Филипче под менторство на Заев, ја уништи довербата кај граѓаните и симпатизерите на СДС, а партијата ја сведе на 120 илјади гласа, што е огромен политички неуспех на раководство во СДС.

    Филипче ја турка СДС во лидерска криза. Филипче ниту кај поранешни функционери и симпатизери на СДС, не е перципиран како лидер и не ужива доверба. Дел од овие луѓе со кои Филипче се има видено изминатиов период, не сакале да бидат дел од раководството на СДС.

    Дури и најгласните поддржувачи и некогашни функционери во СДС денес одбиваат да бидат дел од СДС.  Никој повеќе не сака да стои зад Филипче, кој со својата неспособност и лукративни цели на кланот Заеви ја закопа партијата на дното.

    СДС  се соочува со лидерска криза кој ја блокира реформата во партијата. Единствениот чекор, кој може да ја спаси СДС од целосен распад, е итна оставка на Филипче и започнување на вистински внатрешни реформи“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Популарно

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Масовна тепачка пред угостителски објект во Карпош: Приведени седум лица

    01.03.2026 во 13:35

    Списокот е мал: Еве во кои земји е најбезбедно да се живее во случај на трета светска војна

    03.03.2026 во 10:10

    Хаос во касарната во Петровец: Припадник на Армијата фатен со марихуана во ранецот

    03.03.2026 во 14:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.