ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС да се смират, здравството се трансформира во вистински сервис за граѓаните

 


„Венко Филипче и СДС треба да почнат да се освестуваат. Филипче кој беше министер за здравство во владата на СДС очигледно е дека не направи ништо за ресорот, освен што местеше тендери и се обидуваше да распродава области од здравството, како лабораторски от дел, стерилизацијата и слично“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ако на Филипче интересот му е насочен кон здравството, еве ние го информираме да се смири бидејќи листите за снимања во ПЕТ центарот се двојно намалени, акцелераторот кој не работеше скоро осум години на Онкологија сега е во функција, и да сега ќе се реконструира Клиниката за анимација, реанимација и интензивни лекување или позната како КАРИЛ и да, поради тоа ќе функционира со намален капацитет, но пациентите ќе бидат згрижени. Пациентите ќе ги преземат ГОБ „8 Септември“, Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“ и Клиниката за неврохирургија.

Што (не)направи Филипче за КАРИЛ?

Договор за реконструкција на КАРИЛ е потпишан на 15 март минатата година од страна на тогашниот министер Илир Демири. Што значи дека Филипче не направил ништо за време на неговото министерување. Знае ли Филипче воопшто какви се условите за пациентите на интензивните одделенија, или какви ги оставил по министерувањето, очигледно не.

За разлика од времето на Филипче, сега новото раководство ги заврши процедурите и ги обезбеди сите документи за безбедност за пациентите, стартува реконструкција.

Што се случуваше пак во времето на Филипче?

Ги остави болниците без интензивни одделенија, во пожарот во модуларната болница во Тетово изгореа 14 лица, во несреќата кај Ласкарци загинаа 16 лица поради нефункционален здравствен систем, во корона кризата животот го загубија десеттина илјади граѓани, а со тоа Филипче ја смести Македонија на високо петто место по смртност во светот.

На Филипче и СДС сега им останува само да се смират, се е под контрола Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи во корист на граѓаните и го трансформира здравството во вистински сервис за граѓаните“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

22.02.2025 - 11:03

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега