Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека Венко Филипче и СДСМ, како што наведуваат, се во соработка со бугарски активисти кои, според нив, имаат ставови што го негираат македонскиот идентитет. Во соопштението се тврди дека преку одредени контакти постои соработка со лица кои се познати по контроверзни изјави поврзани со македонскиот идентитет, јазик и историја.

-Венко Филипче и СДС се директно фатени на дело во отворена соработка со бугарски активисти кои отворено го негираат македонскиот идентитет, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ кое МИА го објавува интегрално.

Специјалниот пратеник на Румен Радев во Македонија, Венко Филипче, преку Рубин Земон е во директна соработка со Виктор Стојанов, кој е персона нон грата во Македонија поради неговите антимакедонски ставови.

Виктор Стојанов е лице познато по своите ставови со кои отворено го негира македонскиот идентитет, македонскиот јазик, историја и култура.

Виктор Стојанов е човек кој јавно промовира тези дека Македонците и Бугарите се еден народ, директно навредувајќи го достоинството на македонскиот народ и удирајќи по темелите на македонската државност.

Венко Филипче е најгласен промотор на бугарските политики во Македонија и единствен кој бара внесување на бугарите во Уставот без гаранции дека тоа е послндниот чекор за влез во ЕУ.

Единствено Филипче смета дека вметнувањето на Бугарите во Уставот е единствениот билатерален проблем со Бугарија и Румен Радев и  покрај тоа што Радев јасно кажува дека Гоце Делчев е Бугарин и ги претставува неговите негаторски видувања за Македонија.

Ваквите политики на сервилност и потчинување на Филипче и СДС се штетни за државата, граѓаните нема да дозволат политики на понижување, самонегирање и национално распродавање.

Државните и национални политики мора да бидат над политичките калкулации на СДС, на  Филипче и нивното криминално наследство, велат од партијата.

Од партијата дополнително оценуваат дека политиките на СДСМ во однос на односите со Бугарија се штетни за државните интереси и националните позиции.

Exit mobile version