Дали Венко Филипче има удел во бизнисот на Зоран Заев за изградба на 42-катница во Дубаи и дали токму тоа е причината за добивање на „златна виза“? Ова прашање денеска јавно го постави ВМРО-ДПМНЕ, повикувајќи се на сведоштва на поранешен соработник на екс-премиерот.

Од владејачката партија велат дека Томе Аврамски јавно обелоденил дека во Дубаи се гради облакодер и дека Заев и Филипче поседуваат станови таму. ВМРО-ДПМНЕ го предизвикува Филипче да објасни каква е неговата улога во овој мега-проект.

„До душа, од Филипче имаше неуспешен обид да ја убеди јавноста дека златна виза ја добил откако бил во напредни преговори за работа со некоја болница во земјата, но тоа не ќе да е точно, затоа што до ден денес не видовме никако таков документ. По се изгледа, стекнувањето на златна виза е поради влог во недвижности… Но, она што е дилема во сето ова… каква е неговата улога во изградбата на 42-катницата на Заев, за која сите слушнавме сведоштво и дали неговата златна виза е резултат на ова бизнис партнерство?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Exit mobile version