Полицаец од Одделението за криминалистички работи Гази Баба е уапсен во центарот на Скопје, откако бил фатен на дело како зема пари од граѓанин кој претходно го пријавил за изнуда.

Станува збор за 48-годишниот Х.З., кој заедно со други лица, во повеќе наврати му вршел притисок на жртвата и му барал вртоглави 20.000 евра. Изговорот на полицаецот бил дека синот на пријавителот наводно му ги земал тие пари.

Полицијата поставила стапица со криминалистичко-технички обработени (обележани) пари. Вчера (25.12), веднаш по примопредавањето на парите, колегите од Внатрешна контрола и Единицата за насилен криминал го лишиле од слобода.

„При извршен претрес кај него се пронајдени 20 апоени од по 50 евра“, потврдуваат од МВР. Против него е поднесена кривична пријава за „изнуда“.

Exit mobile version