ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во рецесија, народот нема за леб, а Заев ја поскапува струјата за да има за негов џеб

Државата е во рецесија, народот нема за леб, а Заев ја поскапува струјата за да има за негов џеб. Ова е сликата за Македонија последните години, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-СДСМ ја однесе државата во рецесија. Неспособноста на власта предизвика пад од 12.7% на БДП во вториот квартал во 2020 година. Пад бележи и индустријата, и увозот и извозот, а невработеноста е зголемена за 40.000 лица, граѓани кои ги изгубиле своите работни места. Економијата со Заев на чело е на шкрги. Рецесијата се очекува да продолжи и во третиот квартал. Како што пишува реномираната Фајнанс тинк третиот квартал ќе го завршиме со минус 4.7%, а во негатива ќе биде и целата година, која ќе ја завршиме со 3.8% пад. Тоа значи нови потреси, нови отпуштања од работа и многу нови семејства кои ќе се соочат со егзистенцијални проблеми. Во услови кога неколку десетици илјади се борат за гола егзистенција, а 100.000 граѓани живеат со по под 50 денари на ден владата на Заев ја поскапува струјата. Така поскапената струја оди за профит, кој преку универзалниот снабдувач завршува во тендери за обезбедување на имот и лица кои ги добива струмичка агенција за обезбедување, додека другиот дел завршува во РЕК, каде преку услуги за транспорт и ископ струмички камиони и машини вршат работи, кои сам РЕК може да ги заврши доколку власта смогне сили да ги пресече бизнис каналите и набави опрема и механизација, наместо да плаќа поскапо на приватни фирми. Владата буквално зема од народот за да може Заев да стави во џеб, истакнуваат од опозицијата.

Македонија со СДСМ тоне секој ден. Владата, криминалот и мафијата во Македонија се едно исто. Колку повеќе остане Заев, толку полошо за Македонија. Оваа влада мора да падне, додаваат од таму.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.09.2020 - 10:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа