Close Menu
Press24
    Најново

    Се натовариле со дрва – Македонската полиција ги фати на дело

    30.10.2026 во 11:18

    ФОТО: Сообраќајка пред Собрание – Се искршија мотор и такси возило

    30.10.2026 во 11:16

    Од 1 мај со авион од Скопје до Тиват – Директна линија двапати неделно

    30.10.2026 во 11:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се натовариле со дрва – Македонската полиција ги фати на дело
    • ФОТО: Сообраќајка пред Собрание – Се искршија мотор и такси возило
    • Од 1 мај со авион од Скопје до Тиват – Директна линија двапати неделно
    • МВР го уапси и Билал Кара – Сопственикот на „Санте Плус“
    • Жената што си го отру семејството со печурки осудена на доживотен затвор во Австралија
    • ВИДЕО: Вода од плафоните и бучно греење – Студентите со нови проблеми во реновираниот „Стив Наумов“
    • Коалицијата на Нетанјаху победи на изборите во Израел, но без мнозинство во Кнесетот
    • МВР во акциска контрола: Преоптоварени и неисправни камиони на патиштата низ Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Домаќински управуваме со државата затоа имаме стабилна економија

    ВМРО-ДПМНЕ: Домаќински управуваме со државата затоа имаме стабилна економија

    07.08.2026 во 10:192 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонската економија бележи позитивен развој како резултат на политиките кои се насочени кон одговорно управување, рационално трошење и заштита на интересите на граѓаните. Домаќинското управување со јавните финансии дава резултати и создава основа за стабилна и предвидлива економска средина, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Најновите официјални податоци покажуваат дека јавниот долг во вториот квартал од 2026 година изнесува 58,8 проценти од БДП, што претставува намалување од 0,1 процентен поен во однос на претходниот квартал. Во апсолутен износ, јавниот долг е намален за 21 милион евра и изнесува 10.726 милиони евра.

    Позитивниот тренд е уште поизразен ако се направи споредба со претходниот период. Во однос на крајот на 2024 година, јавниот долг е намален за 2,6 процентни поени, додека споредено со крајот на 2025 година намалувањето изнесува 0,6 проценти.

    Овие показатели се потврда дека со одговорен пристап и внимателно управување со ресурсите, државата успева да ја зачува финансиската стабилност и да создава услови за економски развој.

    Во период кога се сервисираат значајни обврски наследени од минатото, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успева да обезбеди редовно исполнување на финансиските обврски, стабилност на буџетот и истовремено реализација на проекти што имаат директно значење за граѓаните.

    Намалувањето на јавниот долг не е само статистички показател, туку доказ за поинаков пристап во управувањето со државните средства кои треба да бидат насочени кон инвестиции, развој, подобра инфраструктура, здравство, образование и отворање нови економски можности.

    ВМРО-ДПМНЕ продолжува со политики на одговорно управување, фискална дисциплина и создавање стабилна економија која ќе обезбеди подобри услови за граѓаните и идните генерации, додаваат од партијата.

    Прочитај повеќе

    СДСМ до Муцунски: „За Ива Михаилова остри пораки, за Груевски тишина”

    30.10.2026 во 10:04

    ВМРО-ДПМНЕ: Осум квартали без негативен раст во градежништвото

    30.10.2026 во 10:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.