ВМРО-ДПМНЕ: Додека народот трпи за леб во Владата се јаде октопод и морски плодови за 20.000 евра
![](https://press24.mk/sites/default/files/styles/large/public/2022/09/22/vmro-dpmnenovazgrada.jpg?itok=DoF4aeVk)
Клептоманите од владата освен за морски плодови, потрошија 250 илјади евра за мебел, 5 милиони евра за службени возила, милиони за цвеќиња, жардињери, хотелски услуги, позлатени лажици, чинии и слични трошоци. Впрочем дезертерот Ковачевски од позиција на заменик министер предвидел 100 милиони евра непродуктивни трошоци, иако знаел во каква криза се наоѓаат граѓаните и државата.
Бесрамно е да се трошат буџетски пари за аздисување во услови кога половина милион жители живеат во сиромаштија со 150 денари на ден. Бесрамно е да има 100% реализација на непродуктивни трошоци, а реализацијата на капитални инвестиции да е само 30%. Бесрамно е да се бара граѓаните да штедат, а владата да арчи. - велат од ВМРО-ДПМНЕ
22.09.2022 - 08:47
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа