Close Menu
Press24
    Најново

    Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност

    28.10.2026 во 19:29

    „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва

    28.10.2026 во 19:25

    Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари

    28.10.2026 во 19:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност
    • „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва
    • Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари
    • Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите
    • Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало
    • Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември
    • Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“
    • СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ добива две нови министерства – здравство и социјала

    ВМРО-ДПМНЕ добива две нови министерства – здравство и социјала

    30.06.2026 во 18:152 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Христијан Мицкоски, претседател на Владата во интервју во емисијата „Директно“ на ТВ Телма вели дека реконструкцијата која што ја прави како мандатар на Владата на половина од мандатот, всушност значи нова енергија, посочувајќи дека денеска предлозите ќе ги образложи пред членовите на Извршниот комитет на партијата, а потоа истите ќе ги достави до Собранието и пратениците.

    „Јас веќе го коментирав принципот на оваа реконструкција, не секогаш треба да менуваме затоа што имаме помала испорака од очекуваната, но исто така секогаш можеме да бидеме подобри од тоа што сме. Тука немам никаква дилема. Понекогаш имаме и промена на приоритетите во рамките на самата коалициона влада и мислам дека оваа реконструкција е комбинација од сите овие столбови за кои што зборувам. Пред членовите на ИК ќе го образложам предлогот со кој што би излегол во парламент бидејќи таква е процедурата и праксата, како мандатар најпрво да се добие поддршка од страна на ИК на партијата за предлогот а потоа да излезам пред парламент и пратениците да го браниме. Така што од прилика тоа кое што ќе следи“, посочи Мицкоски.

    На прашањето кои ресори ќе ги добие ВМРО-ДПМНЕ, а кои ќе ги задржи, Мицкоски рече дека добиваат две министерства и тоа здравство и социјална политика, демографија и млади.

    „ВМРО-ДПМНЕ во оваа реконструкција ќе добие два ресори кои што до сега беа кај коалиционите партнери тоа ќе бидат, ресорот здравство, и ресорот социјална политика, демографија и млади. Коалициониот партнер ВРЕДИ ќе ги добие ресорите култура, министерството за односи со заедниците и ресорот правда. Министерството за земјоделство ќе оди во рацете на ЗНАМ, тие ќе добијат уште еден дополнителен заменик-министер откако ќе дојдат замениците на дневен ред, а тоа веќе на есен од септември“, одговори Мицкоски.

    Прочитај повеќе

    Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност

    28.10.2026 во 19:29

    Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите

    28.10.2026 во 18:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.