Close Menu
Press24
    Најново

    Засилени полициски контроли: Апсења за дрога во Скопје, Охрид и Радовиш

    14.03.2026 во 16:30

    Пензиониран полицаец со лажна легитимација приведен во Скопје

    14.03.2026 во 15:51

    Серија брутални тепачки меѓу врсници низ училиштата во државата

    14.03.2026 во 15:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Засилени полициски контроли: Апсења за дрога во Скопје, Охрид и Радовиш
    • Пензиониран полицаец со лажна легитимација приведен во Скопје
    • Серија брутални тепачки меѓу врсници низ училиштата во државата
    • Работник загина при пад од зграда во изградба во Кисела Вода
    • Трагедија во Скопје: 18-годишен мотоциклист загина во верижен судир
    • Тошковски: Државата и институциите одговориле максимално на трагедијата во Кочани
    • Армијата го изгасна пожарот на Јабланица, локализиран и огнот над манастирот во Смилево
    • Црн викенд: Шест уапсени за семејно насилство во целата земја
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ до Собранието поднесе Резолуција: Се осудуваат манипулациите на СДС за мигрантите

    ВМРО-ДПМНЕ до Собранието поднесе Резолуција: Се осудуваат манипулациите на СДС за мигрантите

    15.12.2025 во 10:092 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    ВМРО-ДПМНЕ со предлог Резолуција до Собранието на Република Македонија, „Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“.

    Со оваа Резолуција се става крај на манипулациите на СДС за мигрантите и организираната и координирана кампања од страна на опозицијата, која влева  несигурност и паника меѓу граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Лажните сценарија на СДС паѓаат во вода, државата има јасна политика против нелегалната миграција, нема мигрантски кампови има Резолуција која носи стабилност и сигурност.

    ВМРО-ДПМНЕ јавно ги осудува политиките и одлуките на поранешната Влада на Зоран Заев, со која беа отворени можности за создавање на кампови за мигранти, спротивно на националните и државните интереси.

    Резолуција е составена од 9 точки, и во неа стои дека се осудуваат дезинформациите за наводно прифаќање мигранти и изградба на кампови, се потврдува дека такви политики не постојат ниту ќе постојат, се поништуваат сите претходни аранжмани на Владата на Заев поврзани со мигрантски кампови и се повикува на одговорен јасен говор, заштита на безбедноста, стабилноста и меѓуетничките односи.

    Исто така, се констатира дека свесното ширење дезинформации ќе биде санкционирано согласно важечките закони. Резолуцијата воспоставува јасна државна политика против нелегалната миграција и стапува во сила веднаш.

    Ги повикуваме сите политички партии да ја поддржат оваа Резолуција со која се става крај на лагите и конструкциите на СДС“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Популарно

    Утре седум часа ќе нема струја – ЕВН најави исклучувања кај голем број корисници

    13.03.2026 во 12:28

    Дневен хороскоп: Пресврт кај Овенот, се отвораат нови врати за Шкорпијата

    12.03.2026 во 09:05

    Тешка сообраќајка на патот Кавадарци – Росоман: Жена тешко повредена по судир со камион

    13.03.2026 во 12:18

    ЕВН најави исклучувања – утре ќе нема струја до 15 часот

    11.03.2026 во 14:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.