ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе блокира улици низ Скопје: „Протест сега, за да не биде предоцна“

Денеска од 12:30 до 14 часот во Скопје ќе бидат блокирани Владата и Министерството за надворешни работи со протестот што го организира ВМРО-ДПМНЕ поради случувањата со Бугарија и тајните преговори.

Опозициската партија претходно побара од премиерот Зоран Заев да објави што преговараат тајно во Софија.  Одговор не беше добиен, па поради тоа е закажано денешното протестно блокирање на овие институции.

Блокадата се организира под мотото: „Оставка на Заев, слобода на народот. Протест сега за да не биде предоцна“.

Блокадата нема да го попречува движењето на возилата на брза помош, како и на другите работи кои мора итно да се извршуваат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.12.2020 - 09:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега