Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
    • Вадете ги чадорите: Утре ќе врне
    • 20-годишник прегази пешак кај Мирковци
    • 35 годишник ќе одговара кривично – пред хотел натепал две деца
    • Истекол плин на бензинска на патот Охрид-Струга: Дефект имал вентилот
    • Запалил трева – вивнал силен пожар: 60-годишник ќе одговара за предизвикување општа опасност
    • Давчевски до ВМРО-ДПМНЕ: Го блокиравте БРТ за сега Орце да го фали проектот – лицемерни сте
    • 28-годишник претепал свој сограѓанин, го удирал и со метален предмет – заврши во полиција
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Дали Спасовски ургирал во СВР Штип за да се спаси газдата на „Пулс“

    ВМРО-ДПМНЕ: Дали Спасовски ургирал во СВР Штип за да се спаси газдата на „Пулс“

    13.10.2025 во 10:242 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Јавноста мора да добие одговор. Дали Оливер Спасовски во својство на министер за внатрешни работи лично се јавувал во СВР Штип и барал да се изврши притисок врз полицијата во Кочани за да се заштити газдата на дискотеката Пулс?, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

    „Според информациите кои излегоа во јавноста а се обелоденети во медиуми се фрла сомнеж на вмешаност на врвот на СДС во случајот со нелегалното работење на дискотеката Пулс.

    Според објавените телефонски разговори од 17 февруари  2022 година  синот на газдата на Пулс Михаил Јованов се пофали на лицето Бојана дека „Оливер Спасовски се е јавувал у Штип у полицијата за нас“.

    Во разговорот се споменува казна од 40 000 од УЈП која според наводите требало да се „среди“  преку политичка интервенција. Наместо полицијата да го спроведува законот била под притисок „да не досадува“.

    „И он кажал тој началникот од Кочани утре одма на информативен разговор да дојде … кај началникот за Источна Македонија… ќе им с’ржат малку… да се посерат“ завршува Михаил.

    Ова е сериозно обвинување за злоупотреба на функција, влијание врз институциите и партиска заштита на блиски бизниси.

    Дали ЈО покренало постапка по овие наводи?

    Дали Оливер Спасовски бил повикан на разговор и која е неговата улога во заштитата на газдата на дискотеката Пулс и работата на дискотеката?

    Дали е извршена контрола во СВР Штип и ОВР Кочани?

    Дали Коцевски работи според закон или по нарачка на СДС?

    Коцевски и ЈО да не молчат. Доколку не е постапено тоа значи дека обвинителството свесно го прикрива скандалот и штити моќници“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба, откако со Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за Дубаи

    19.09.2026 во 12:31

    Хаџиевска: Герасимовски и СДС се неспособни да се справат со наездата на глодари, а камоли да ја водат општина Центар

    19.09.2026 во 12:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.