„Почитуван’’ поранешен претседател на Македонија, она што го говорите на едно ваше интервју за наводно про-руско или про-српско влијание во државата во изминатите 7 години, да ве потсетиме дека тој период на власт беа СДС и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Од тие изминати 7 години, да ве потсетиме дека вие бевте претседател на државата, период во кој вие велите дека е зголемено истото тоа влијание во државата.

Прашуваме, дали Пендаровски, заедно со СДС и ДУИ, имаат создадено или овозможено про-руско влијание во државата? Дали Пендаровски и власта на СДС и ДУИ, лицемерно говореа и ја поддржуваа Украина, додека од друга страна создавале терен за други влијанија во државата?

Како ВМРО-ДПМНЕ апсолутно ја поддржуваме Украина и ја осудуваме Руската инвазија врз Украина, а тоа се потврдува и со зголемениот Буџет оваа година за помош на Украина“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Exit mobile version