ВМРО-ДПМНЕ: Четири милијарди евра странски инвестиции, пониски даноци и намалување на невработеноста на 10%

 

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува да ја обнови Македонија.Потребна ни е економска обнова, таа ќе дојде со 4 милијарди евра странски инвестиции, од кои 3 големи компании ќе дојдат уште во првите 100 дена. Со тоа ќе придонесеме кон намалување на невработеноста под 10%.

Ова денеска го соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека ќе помогнат и на домашниот бизнис.

-Ќе го помогнеме и домашниот бизнис. Предвидуваме 8% даночна стапка, за персонален данок на доход и данок на добивка. Се обврзуваме и за намалување на ДДВ за угостителски услуги од 18% и 10%. Инфраструктурата целосно ќе ја реобновиме и ќе реконструираме 1000 километри патишта. На тоа поле планираме и 150 километри експресни патишта. Се обврзуваме да ја изградиме и пругата кон Бугарија. ВМРО-ДПМНЕ се обврзува за обнова на Македонија. По 15 јули почнува обновата. СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова, се вели во дописот од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.07.2020 - 10:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега