Дојдоа избори и на Ахмети постојано му текнува на крв и квази патриотизам онаков од најдолeн Милошевички вид, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Како павлов рефлекс пред секои избори Ахмети си бара актуелност и ги потценува Албанците кои заради тајкуните и шеиците кои Ахмети ги создаде на грбот на чесните Албанци, се живее тешко и се повеќе Албанци се иселуваат од земјава.

Ахмети е, што би рекле Србите кои му се идоли, една “немирна закачица” и мора да сфати дека внимание не се бара, туку се заслужува.

Исто како и достоинството и поддршката. И ова што го правиш не е убаво. Да си го потценуваш сопствениот народ и да измислуваш теми кои се погрешни, манипулативни, и создаваат тензии само затоа што си уплашен“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Leave A Reply

Exit mobile version