Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт
    • Пресврт по неуспешната егзекуција: Криста Пајк се разбуди од кома, свесна е и зборува во болница
    • Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност
    • 39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово
    • Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
    • Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
    • Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Познати новите министри: ВМРО-ДПМНЕ со кадровски промени во неколку ресори

    Познати новите министри: ВМРО-ДПМНЕ со кадровски промени во неколку ресори

    01.07.2026 во 09:262 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со реконструкцијата на Владата се слуша гласот на граѓаните и се потврдува определбата за одговорно, ефикасно и отчетно управување со државата, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Ви го пренесувате текстот од партијата интегрално:

    Оваа реконструкција е резултат на внимателна анализа на досегашните резултати, но и на јасно искажаните очекувања на граѓаните за побрзи реформи, поголема ефикасност и повисоки стандарди во работењето на институциите.

    Сашо Клековски ќе биде нов министер за здравство, додека Министерството за социјална политика ќе го преземе Ѓоко Велковски, кој во моментов ја извршува функцијата заменик-министер.

    На местото на Клековски во Фондот за здравство, за нов директор ќе биде назначен Златко Перински. Министер за локална самоуправа ќе биде Иван Стоилковиќ.

    Министер без ресор, задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите, ќе биде Ерџан Демир, кој до сега е претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во општина Шуто Оризари.

    Приоритет на Владата на ВМРО-ДПМНЕ останува подобрувањето на квалитетот на животот, економскиот развој, владеењето на правото, борбата против корупцијата и создавањето институции кои работат исклучиво во интерес на граѓаните.

    Новиот владин состав ќе продолжи со засилено темпо да ги реализира започнатите проекти и реформски процеси, со фокус на конкретни резултати, отчетност и исполнување на ветувањата.

    Граѓаните очекуваат работа, одговорност и резултати. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја прифаќа таа порака и останува целосно посветена на спроведување политики кои носат подобар животен стандард, стабилност и сигурна иднина за сите.

    Top News Влада
    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е видливо нервозен и во паника

    06.10.2026 во 21:56

    Конески: Владата ги става младите во центарот на политиките, преку пракси ги поврзуваме студентите со локалните самоуправи

    06.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.