ВЛЕН докажува дека прашањата на Албанците не се решаваат со празни декларации ниту со политички импровизации, туку со конкретна институционална работа и со целосни и одржливи решенија, се наведува во денешното соопштение од партијата.

„Само еден ден откако копретседателите на ВЛЕН, Билал Касами и Изет Меџити, најавија добри вести поврзани со прашањето за полагањето на правосудниот испит на албански јазик, денес тие веднаш се вклучија во работна средба со премиерот Христијан Мицкоски за унапредување на конкретното решение за овој долгогодишен проблем.

На средбата се разговараше за употребата на јазиците при полагањето на правосудниот испит, со јасен фокус решението да биде целосно, функционално и во согласност со Уставот и Законот за употреба на јазиците.

За разлика од претходната власт, која повеќе од две децении го држеше ова прашање нерешено и го користеше само за политичка пропаганда, ВЛЕН постапува со одговорност и институционална сериозност за да ги гарантира правата на Албанците во пракса.

ВЛЕН верува дека образованието, правдата и јазичната еднаквост се темел на модерна и праведна држава. Затоа, решенијата нема да бидат половични, туку целосни, применливи и долгорочни, во интерес на студентите и на сите граѓани“, велат од ВЛЕН.

Exit mobile version