Во рамки на официјалната посета на Република Словенија, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Љубљана оствари средба со претседателот на словенечкиот Државен Збор, Зоран Стевановиќ, кому му го честиташе стапувањето на функцијата.

Сиљановска-Давкова ја истакна важноста на парламентарната дипломатија и улогата на законодавните домови во зачувувањето на институционалниот континуитет и јакнењето на меѓусебната доверба.

Таа ја поздрави работата на пратеничките групи за соработка и посочи на потребата од натамошно продлабочување на парламентарните врски.

Според неа, Словенија е мост меѓу Балканот и Централна и Западна Европа, добро ги разбира историските и регионалните околности и јасно ја согледува важноста на регионалната соработка и европската интеграција на регионот.

Стевановиќ потенцираше дека Словенија ќе продолжи да биде наш пријател и поддржувач на македонскиот евроинтегративен процес.

Тој ја потврди подготвеноста за унапредување на парламентарната и севкупната соработка преку поинтензивна комуникација и размена на искуства меѓу македонските и словенечките институции.

Соговорниците се согласија за потребата од деблокирање на македонските евроинтеграции и укажаа на неопходноста од засилена соработка.

Exit mobile version