Close Menu
Press24
    Најново

    Андоновски на средба со амбасадорката на САД, Варнс: Потврдена соработката со САД во делот на сајбер-заштитата

    20.02.2026 во 13:37

    Обвинителство ја откри шемата за случајот со марихуаната: Отворена истрага против шест лица

    20.02.2026 во 13:30

    Младите ја преземаат улогата на двигатели на променни

    20.02.2026 во 13:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Андоновски на средба со амбасадорката на САД, Варнс: Потврдена соработката со САД во делот на сајбер-заштитата
    • Обвинителство ја откри шемата за случајот со марихуаната: Отворена истрага против шест лица
    • Младите ја преземаат улогата на двигатели на променни
    • Алиу: Подготвивме значајни измени на Законот за здравствена заштита – сите засегнати страни имаат можност да достават предлози на ЕНЕР
    • Викендов снег
    • Герасимовски: Бесплатна Wi-Fi зона во Дебар Маало, создаваме современ и дигитален Центар
    • Дејан Проданоски: За Прилеп, 2026 е година на нови почетоци и предизвици
    • Манасиевски: Ново сведоштво за политичкиот прогон врз ВМРО-ДПМНЕ, разрешен судија поради неусогласеност со СДС и ДУИ
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Вреди: На Али Ахмети му беа потребни пет дена за да го разбере одговорот на „референдумот”

    Вреди: На Али Ахмети му беа потребни пет дена за да го разбере одговорот на „референдумот”

    24.10.2025 во 17:38Updated:24.10.2025 во 17:40
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Коалицијата ВРЕДИ реагираше на денешното соопштение на Демократската унија за интеграција (ДУИ), во кое партијата побара распишување на предвремени парламентарни избори, оценувајќи дека ДУИ победила на локалните избори.

    Од ВРЕДИ порачуваат дека ставот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, е „апсурден“ и дека реалните изборни резултати покажуваат спротивно.

    „После пет дена, на Али Ахмети конечно му беа покажани резултатите од ‘референдумот’. И ете, тој излезе и рече дека победиле на локалните избори. Ова е апсурдно“, се наведува во реакцијата.

    Според ВРЕДИ, победите на коалицијата ВЛЕН во повеќе општини јасно ја покажуваат волјата на гласачите:
    „Победите на ВЛЕН во Чаир, Сарај, Арачиново, Желино, Теарце и убедливото водство во Тетово, Боговиње, Дебар, Струга, Брвеница и Долнени се далеку поголеми од ‘победата’ во Пласница и Липково,“ стои во соопштението.

    Од коалицијата додаваат дека ДУИ „и натаму ги доживува локалните избори како парламентарни“, затоа што, како што велат, „министерските позиции се единствената алатка за нивен политички опстанок“.

    „Дваесет години политиката на Али Ахмети се градеше на два столба – власт и само власт,“ порачуваат од ВРЕДИ, додавајќи дека барањето за ветинг е „неискрено“, бидејќи, како што велат, „тоа одамна му го направи неговата сенка Артан нон грата Груби“.

    Во реакцијата се поставува и прашањето дали лидерот на ДУИ е подготвен да се соочи со, како што велат, „слободниот глас на Албанците кои повеќе не се плашат од него“.

    „Времето на Газиместан заврши. ВЛЕН е сегашноста. ДУИ е минатото,“ завршува соопштението на коалицијата ВРЕДИ.

    Популарно

    „Сејф Сити“ не простува: Казна од 45 евра ако влезете на зелено, а останете заглавени среде крстосница

    19.02.2026 во 23:16

    Тешка сообраќајка во Скопје: Мотоциклист повреден по удар од отворена врата на Пежо

    19.02.2026 во 23:13

    УХМР со најава: Ќе истури дожд

    20.02.2026 во 08:00

    Драма во автобус на ЈСП – Претепани две млади момчиња

    20.02.2026 во 08:22

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.