Close Menu
Press24
    Најново

    Најновиот „портрет“ на Земјата: НАСА објавува нови фотографии од вселената

    03.04.2026 во 21:15

    Јанкулоска со поддршка за Ковачки: Секретарите се менуваат, идејата за ВМРО останува

    03.04.2026 во 21:12

    Татко физички ги малтретирал своите две малолетни деца

    03.04.2026 во 20:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Најновиот „портрет“ на Земјата: НАСА објавува нови фотографии од вселената
    • Јанкулоска со поддршка за Ковачки: Секретарите се менуваат, идејата за ВМРО останува
    • Татко физички ги малтретирал своите две малолетни деца
    • Телефонски разговор Путин-Ердоган за судирите на Блискиот Исток
    • Марков: ВМРО-ДПМНЕ вложува во иднината и развојот на младите со континуирани инвестиции во образовниот сектор
    • Утре е Лазарова сабота, најрадосниот детски празник
    • СДСМ: ВМРО-OKГ конечно ја призна вината за „Талир 1“ и „Талир 2“
    • НАСА пред нов предизвик: Белата куќа бара заштеди среде најважната вселенска мисија на деценијата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Влен: Груби знае премногу – Стариот лисец Ахмети чека политичка егзекуција

    Влен: Груби знае премногу – Стариот лисец Ахмети чека политичка егзекуција

    24.02.2026 во 09:15Updated:24.02.2026 во 09:222 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Стариот лисец Али Ахмети од вчера, од мајстор на политичкиот занает, стана ранет играч кој чека политичка егзекуција од поранешниот најблизок соработник. Црната кутија на владеењето на ДУИ се стави на располагање на правдата. Вистината неизбежно ќе почне да излегува на површина, посочуваат од Вреди во денешното соопштение.

    Артан Груби не беше обичен функционер. Тој беше извршител, координатор и доверлив човек за сите клучни одлуки во изминатите години. Од задкулисни договори, преку сомнителни тендери, до политички пазари, Груби беше присутен секаде каде што се кроеше моќта на ДУИ. Затоа денес не станува збор само за индивидуална одговорност, туку за систем што почнува да се расплетува.

    Во ДУИ знаат зошто владее паника. Стравот не е од правдата, туку од тоа што Артан Груби знае премногу. Тој е сведок на сите матни зделки, на сите политички конструкции и на сите договори кои со години се правеле на штета на граѓаните. Куќниот притвор е последица на подготвеноста на Груби институционално да се соочи со сопствените гревови. Поентата е дека институциите конечно ја отвораат темата што ДУИ со години ја закопуваше, како се управуваше моќта и каде завршија одлуките и парите.
    По катастрофалниот пораз на локалните избори и по распадот на лажните ветувања за предвремени избори и „сигурен“ влез во Влада, ДУИ се соочува со најтешкиот момент во своето постоење.

    Враќањето на Груби не е крај на процесот. Тоа е почеток. Почеток на расплет кој може да доведе до целосно разобличување на начинот на кој функционираше ДУИ. Прашањето повеќе не е дали ќе има политички последици, туку колку длабоки ќе бидат тие.

    Ако црната кутија е Груби, тогаш нејзиното преслушување значи директен удар врз Али Ахмети. И додека јавноста очекува правда, останува да се види кој сè ќе мора да понесе одговорност во деновите што следуваат. Од денес, ДУИ веќе не ја контролира приказната, приказната почнува да ја контролира ДУИ. 

    Top News
    Популарно

    Најновиот „портрет“ на Земјата: НАСА објавува нови фотографии од вселената

    03.04.2026 во 21:15

    Јанкулоска со поддршка за Ковачки: Секретарите се менуваат, идејата за ВМРО останува

    03.04.2026 во 21:12

    Татко физички ги малтретирал своите две малолетни деца

    03.04.2026 во 20:54

    Телефонски разговор Путин-Ердоган за судирите на Блискиот Исток

    03.04.2026 во 20:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.