ВЛЕН: Богојевски е националист на батерии, ДУИ се срами
Коалицијата ВЛЕН има изграден став за провокациите на лицето Петар Богојевски, кој неретко лавира во ставовите во зависност од личните очекувања.
Јавноста го памети од поддржувач на СЈО, реформатор на ВМРО-ДПМНЕ до македонски националист, ама на батерии, велат од ВЛЕН.
„Затоа, уште едно потценување на Албанците е кога ДУИ се обидува да пласира теза дека ЕУ интеграциите на Македонија наводно зависат од ваков лик. Прашањето е зошто ДУИ пред вака да се срами не го прашала Талат Џафери како Богојевски бил државен советник во Министерството за одбрана? Зошто на ДУИ не му пречеа неговите антиалбански ставови кога беа во официјална коалиција со Груевски и Мијалков? За разлика од ова изгубено опозициско раководство на ДУИ, ние не кукаме кога е тешко, туку се бориме системски да ги исправаме грешките. Со сите пречки со кои се соочуваме и со последиците од криминалниот режим на Ахмети, Груби, Османи и нивните послушници кои ги наследивме, ние ќе го реформираме системот и ќе изградиме одржливи решенија за Албанците“, стои во соопштението од ВЛЕН.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа