Угина јагуарот во скопската Зоолошка градина

 

Угина единствениот јагуар во скопската Зоолошка градина.

“За жал Инес во длабока старост не ја издржа битката со најлошата болест. Денеска не напушти, борејќи се со метастазиран канцер и тумори на повеќе органи. Изминатиот период заедно со Факултетот за ветеринарна медицина направиме се што може за подобрување на благосостојбата на јагуарката и олеснување на здравствените проблеми преку стручни прегледи, анализи и компјутерска томографија до лекување на оваа страшна болест која одзема милиони жртви годишно, како кај луѓето, така и кај животните. Јагуарката Инес имаше 22 години, а просечниот животен век на овие величествени мачки во природата е од 12-15 години, додека во зоолошките градини најстарите животни доживуваат до 23 години. Искрено ќе фалиш на целиот тим на ЗОО Скопје и зоонегувателите кои со години се грижеа за тебе. Беше една од највозрасните жители на зоолошката и чувана со многу љубов”, напишаа од скопската ЗОО.

13.04.2025 - 16:30

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега