Под влијание на циклонска активност, од утре до сабота во земјава ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд.

Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат дека пообилни врнежи се очекуваат утре и во четврток, кога на одделни места количината на дожд може да надмине 25 литри на квадратен метар во период од 24 часа.

Со спуштањето на постудена воздушна маса од север, во четврток врнежите на планинските предели ќе преминуваат во снег, а дневните температури ќе опаднат за 4 до 6 степени во однос на утрешните вредности.

Стабилизирање на времето се очекува од недела.

Exit mobile version