Владата соопшти каде ќе бидат Пендаровски, Џафери и Спасовски за празникот Илинден

По повод прославата на националниот празник Илинден 2020 година, на 76 седница Владата заклучи Организацискиот одбор за прославата на националниот празник Илинден 2020 година да го предводи Оливер Спасовски, претседател на Владата на Република Македонија, а во одборот да бидат вклучени претставници на Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и претставници од Секторот за односи со јавност на Владата, соопштија од Владата за ТВ21.

„Оваа година делегација на Владата на Република Северна Македонија по повод прославата на националниот празник Илинден 2020 година во Скопје ќe ја предводи претседателот на Владата, прославата во Крушево ќе ја предводи претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, а прославата на националниот празник Илинден 2020 година во Пелинце ќе ја предводи и ќе се обрати претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Имено со заклучок на седницата е утврдена и Владината делегацијата по повод прославата на националниот празник Илинден 2020 година во Смилево.

Во врска со организацијата и прославата на државните празници, Владата го задолжи Министерство за здравство, преку Комисијата за заразни болести да обезбеди протокол за организација на државните настани во време на пандемија“, соопштија од Владата за ТВ21.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.07.2020 - 15:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега