Вкупно 61 компанија добила лиценца за одгледување канабис за медицински цели откако оваа можност беше овозможена со законските измени во 2017 година, откако дел од овие фирми повторно се најдоа во центарот на јавноста по откривањето на пет тони марихуана со потекло од Македонија.
Од Владата посочиле дека во периодот од стапувањето во сила на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, објавен на 27 декември 2017 година, па сè до 3 февруари 2026 година, биле донесени одлуки за издавање одобрение за одгледување канабис за медицински цели на вкупно 61 правно лице, пишува Фокус.
Според официјалните податоци, во моментов 43 правни лица активно одгледуваат канабис за медицински цели, додека на 14 компании им е одземена лиценцата поради неисполнување на законските услови.
–Владата за 14 правни лица донела одлуки за одземање на одобрение за одгледување канабис за медицински цели поради неисполнување на законските услови. Во тек е и постапка за одземање на одобренијата за уште четири правни лица, информираат од Владата

