Close Menu
Press24
    Најново

    ОКТА, МВР и РСБСП со нова кампања за поголема безбедност во сообраќајот

    29.10.2026 во 11:06

    Полицијата нема да признава лична карта и возачка дозвола на телефон – граѓаните мора да ги носат пластичните

    29.10.2026 во 11:04

    На едно место постудено, на друго потопло – УХМР ги измери температурите, најавува „потоп”

    29.10.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ОКТА, МВР и РСБСП со нова кампања за поголема безбедност во сообраќајот
    • Полицијата нема да признава лична карта и возачка дозвола на телефон – граѓаните мора да ги носат пластичните
    • На едно место постудено, на друго потопло – УХМР ги измери температурите, најавува „потоп”
    • Нови детали: За операции на очи наплаќале и од пациентите и од Фондот – под сомнение екс директорот на ФЗОМ Ден Дончев
    • Акција на „Таск форс“ во Македонија: Приведени две лица
    • Уште време за аплицирање: Продолжени конкурсите за финансирање проекти во културата
    • Ревизија со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит
    • Македонската полиција му затропала на врата: 60-годишен маж ќе лежи во затвор
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Владата го усвои ребалансот на Буџетот: Обезбедени нови средства за повеќе сектори

    Владата го усвои ребалансот на Буџетот: Обезбедени нови средства за повеќе сектори

    22.07.2026 во 09:542 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Владата го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година, со вградени амандмани усвоени во собраниската Комисија за финансирање и буџет, соопшти Министерството за финансии.

    Со измените се обезбедени дополнителни средства за жените кои вршат земјоделска дејност, воспоставување национална СОС линија за поддршка на жртви на родово и семејно насилство, како и отворање и ставање во функција на два згрижувачки центри за жртви на семејно и родово базирано насилство.

    Дополнетиот Предлог-ребаланс, заедно со предложените измени, ќе биде доставен до Собранието на усвојување.

    Со ребалансот, вкупните приходи се проектирани на 379,5 милијарди денари, додека вкупните расходи на 425,8 милијарди денари.

    Од Министерството за финансии наведуваат дека дополнителните средства се насочени кон приоритетни области, меѓу кои земјоделските субвенции, субвенциите во железничкиот сообраќај, поддршката за спортот, студентскиот и ученичкиот стандард.

    Предвидена е и дополнителна поддршка за најранливите категории граѓани преку средства за социјални надоместоци, заштитни друштва, народни кујни и мерки за деинституционализација, како и дополнителни средства за здравствена заштита.

    Со ребалансот се зголемуваат средствата за капитални инвестиции, кои достигнуваат околу 46 милијарди денари, што претставува раст од 14,5 проценти во однос на првичниот Буџет. Воедно, се намалуваат расходите за стоки и услуги.

    Буџетскиот дефицит е проектиран на 46,3 милијарди денари, односно 4,1 процент од БДП, додека економскиот раст е проектиран на ниво од 3,5 проценти.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    ОКТА, МВР и РСБСП со нова кампања за поголема безбедност во сообраќајот

    29.10.2026 во 11:06

    На едно место постудено, на друго потопло – УХМР ги измери температурите, најавува „потоп”

    29.10.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.