Владата го разреши Стојко Пауновски: „Простете им, не знаат што прават“

 

Владата на денешната седница го разреши директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски,  откако тој објасни дека не може да им најде работа на сите 35 рамковни вработени кои му беа упатени за вработување, заради несоодветни квалификации, а за Телма се огласи и самиот Пауновски.

“Ова за мене беше очекувано, можам само во духот на празниците да порачам: Простете им, не знаат што прават. Криво ми е што само меѓу мене и премиерот немало никаков конфликт ако имало конфликт, бил со шефот на кабинетот на вице-премиерот Груби околу распределбата на рамковните вработувања” – изјави за Телма, Стојко Пауновски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.04.2021 - 17:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега